
Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и
изработка и кон него треба грижливо да се однесувате.
Следниве сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите
важечката гаранција.
● Чувајте го уредот сув. Преципитацијата, влажноста и
сите типови на течности и влага содржат минерали
што ќе ги кородираат електронските кола. Ако
Вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја
батеријата и оставете уредот целосно да се исуши
пред да ја смените.
● Не го користете или чувајте уредот во прашливи,
нечисти места. Неговите подвижни делови и
електронски компоненти може да се оштетат.
● Не го чувајте уредот на топли места. Високите
температури може да го намалат векот на
електронските уреди, да ги оштетат батериите или
да искриват или растопат одредени пластични
делови.
● Не го чувајте уредот на студени места. Кога уредот се
враќа на нормална температура, во внатрешноста на
уредот може да се формира влага и да ги оштети
плочките на електронските кола.
● Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин
освен како што е наведено во ова упатство.
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
56

● Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.
Грубото ракување може да ги скрши внатрешните
плочки на колата и прецизната механика.
● Не користете груби хемикалии, раствори за чистење,
или јаки детергенти за чистење на уредот.
● Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави
подвижните делови и да спречи правилно
функционирање.
● Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на
било кои леќи, како што се камерата, сензорот за
близина и леќите на светлосниот сензор.
● Користете ја само антената што е приложена или
нејзина одобрена замена. Неодобрените антени,
модификации или приклучоци може да го оштетат
уредот и да ги прекршат правилата кои важат за
радио уреди.
● Користете ги полначите во затворен простор.
● Секогаш направете резервна копија на податоците
што сакате да ги зачувате, како што се контакти и
белешки од календарот.
● За да го ресетирате уредот од време на време за
оптимални перформанси, исклучете го уредот и
отстранете ја батеријата.
Овие сугестии се однесуваат подеднакво на Вашиот
уред, батерија, полнач или било кој додаток. Ако било
Грижа и одржување
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
57

кој уред не работи правилно, однесете го до
најблискиот овластен сервис.