ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА
(SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за
изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател.
Тој е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за
изложеност на радио бранови препорачани со
меѓународните упатства. Упатствата се развиени од
независната научна организација ICNIRP и вклучуваат
безбедносни граници поставени за да се осигура
безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и
здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи
единица мерка позната како Специфична Апсорпциона
Стапка или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во
Дополнителни безбедносни информации
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
65
упатствата на ICNIRP е 2.0 вати/килограм (W/kg) во
просек на 10 грама ткиво. Тестовите за SAR се
изведуваат со користење стандардни оперативни
позиции при што уредот предава на највисокото
сертифицирано ниво на енергија во сите тестирани
фреквенциони должини. Вистинското ниво на SAR на
уред кој работи може да биде под максималната
вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја користи
само енергијата потребна да се допре до мрежата. Таа
количина се менува во зависност од бројни фактори
како што е колку блиски сте до мрежната базна
станица. Највисоката SAR вредност според упатствата
на ICNIRP за употреба на уредот на увото е 1.19 W/kg.
Употребата на придружна опрема и додатоци за уредот
може да резултира со различни SAR вредности.
Вредностите на SAR може да се разликуваат во
зависност од националните барања за известување и
тестирање и од брановата должина на мрежата.
Дополнителни информации за SAR може да се најдат кај
информација за производот на www.nokia.com.
Дополнителни безбедносни информации
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
66