Работна околина
Овој уред ги исполнува упатствата за RF изложеност
кога се користи или во нормална положба наспроти
увото или во положба од најмалку 2,2 сантиметри (7/8
инчи) оддалечен од телото. Кога за уред што се носи на
телото се користи футрола за носење, спојувалка за
каиш или држач, тие не треба да содржат метал и треба
да го постават уредот на горе наведената оддалеченост
од вашето тело.
За да пренесува податочни датотеки или пораки, на
овој уред му е потребна квалитетна врска со мрежата.
Во некои случаи, преносот на податочни датотеки или
пораки може да биде одложен додека не се воспостави
таква врска. Уверете се дека горенаведените
инструкции за оддалеченост се почитуваат додека не
се комплетира преносот.
Делови од уредот се магнетски. Металните материјали
можат да бидат привлечени кон уредот. Не ставајте
Дополнителни безбедносни информации
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
59
кредитни картички или други магнетни медиуми за
чување на податоци блиску до уредот, бидејќи
информациите што се зачувани на нив можат да бидат
избришани.