Nokia поддршка
Проверете на www.nokia.com/support или вашиот
локален Nokia веб сајт за најновата верзија на ова
упатство, дополнителни информации, преземања и
услуги во врска со вашиот Nokia производ.
Услуга за конфигурациски поставки
Преземете бесплатни конфигурациски поставки, како
што се MMS, GPRS, e-mail и други услуги за вашиот модел
на телефон на www.nokia.com/support.
Сервис за клиенти
Ако треба да контактирате сервис за
клиенти, проверете ја листата на
локални Nokia Care контакт центри на
www.nokia.com/customerservice.
Одржување
За сервиси за одржување, проверете кај најблискиот
Nokia сервисен центар на www.nokia.com/repair.
2. За почеток
Инсталација на SIM картичка и
батерија
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.