Поставки на порака
Изберете Мени > Пораки > Прилаг. за пор. за
поставување на вашите одлики за размена на пораки.
● Општи прилагод. — за да го поставите вашиот
телефон да ги снима пратените пораки, да дозволите
препис врз постарите пораки ако меморијата за
пораки е полна и да поставите други преференции
во врска со пораките
● Текст пораки — за да дозволите извештаи за
испорака, да поставите центри за пораки за SMS и
SMS e-mail, да го изберете типот на поддршка на
знаци и да поставите други преференции во врска со
текстуалните пораки
● Мултимед. пор. — за да дозволите извештаи за
испорака, да го поставите изгледот на
Размена на пораки
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
32
мултимедијални пораки, да го дозволите приемот на
мултимедијални пораки и огласи и да поставите
други преференции во врска со мултимедијалните
пораки
● E-mail пораки — за да дозволите e-mail прием, да
ја поставите големината на сликата во e-mail и да
поставите други преференции во врска со e-mail
7. Контакти
Изберете Мени > Контакти.
Можете да снимате имиња и телефонски броеви во
меморијата на телефонот и во меморијата на SIM
картичката. Телефонската меморија може да зачува
контакти со броеви и текстуални ставки. Имиња и
броеви снимени во меморијата на SIM картичката, се
означени со
.
За да додадете контакт, изберете Имиња > Опции >
Додај нов конт.. За да додадете детали на контакт,
уверете се дека меморијата во употреба е Телефон или
Телефон и SIM. Изберете Имиња, дојдете до името и
изберете Детали > Опции > Додај детал.
За да барате контакт, изберете Имиња и движете се низ
листата со контакти или внесете ги првите букви од
името за барање.